Халанд конечно проговори за провокациите од фудбалерите на ПСЖ

twitter/Bundesliga English

Норвежанецот конечно кажа што мисли за начинот на прославата на играчите на ПСЖ по елиминацијата на Борусија Дортмунд.

Во првиот натпревар од пресметката во Лигата на шампионите, Борусија славеше со 2:1 благодарение на Ерлинг Халанд кој двата гола ги прослави така што симулираше дека медитира, а победата тешко им падна на фудбалерите на францускиот тим иако постојано играа на работ на фер-плејот.

Во реваншот ПСЖ победи со 2:0 и обезбеди пласман во четвртфиналето, а бидејќи се играше пред празни трибини, се слушаше како играчите ги коментираат головите и во еден момент камерите го фатија Анхел ди Марија како им вели „Ајде на овие бедници да им дадеме пет гола“.

По завршување на натпреварот, фудбалерите на ПСЖ, на наговор на Нејмар, победата ја прославија така што седнаа на теренот и симулираа дека медитираат, со што покажаа дека не знаат што значи фер-плеј.
Сепак, чудото од дете не им се налути.

– Ми помогнаа со тоа што ме исмеваа. Сликите го обиколија светот, јас обожувам да медитирам и сметам дека тоа е добра работа за здравјето и духот на луѓето. Иако тоа не им беше вистинската намера, на крајот ја промовираа медитацијата – одговори Халанд.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот