Халанд конечно откри зашто не потпиша за Манчестер јунајтед

twitter/B/R Football

Одличниот норвешки напаѓач за прв пат се огласи по доаѓањето во Борусија Дортмунд и пропаднатиот трансфер во Јунајтед.

Ерлинг Халанд продолжи во голгетерски ритам и по доаѓањето во Борусија Дортмунд, тој на првите два натпревари во Бундес лигата постигна дури пет гола. Медиумите се воодушевени од одличниот старт и во дресот на „милионерите“, по што продолжија шпекулациите за причините поради кои Халанд не потпиша за Манчестер јунајтед.

Како главен виновник за пропаднатиот трансфер во Јунајтед беше означен агентот на фудбалерот, Мино Рајола, како и таткото Алф Инге Халанд, кои бараа големи провизии за потпис.
Сега, конечно се огласи самиот фудбалер, кој застана во одбрана на својот агент.

– Ме критикуваат дека сум лаком? Тие луѓе не се нормални, сите кои ме знаат, ќе потврдат дека парите се последната работа која ме интересира во фудбалот. Едноставно, разговарав со менаџерот и татко ми и одлучивме дека најдобра опција за мене е Борусија Дортмунд. Мино Рајола е најдобар во својата работа. Тој прави се за своите играчи и тоа можеби ми смета на некого и предизвикува завист кај луѓето. Секогаш е добро да се има Рајола покрај себе – изјави Халанд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот