Халанд ја продолжи доминацијата во Норвешка: По петти пат во низа е избран за најдобар фудбалер

Фото: EPA-EFE/Fredrik Varfjell

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд сосема очекувано и по петти пат во низа беше избран за најдобар фудбалер за изминатата година во Норвешка.

Својата доминација Халанд ја започна во 2020 година кога ја презема „титулата“ од Мартин Одегард, а во меѓувреме стана и најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата.

Одличен беше и во Манчестер сити, иако „граѓаните“ во овој момент поминуваат низ еден кризен период тоа не беше пречка да ја добие наградата.

„Ова е награда која многу ја ценам. Горд сум што петта година во низа ја освојувам наградата и задоволен сум поради тоа“, изјави Халанд.

Во женска конкуренција наградата за најдобра во Норвешка ја освои Каролин Грахам Хансен која го носи дресот на Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот