Халанд е најголемата грешка на еден од најдобрите ловци на таленти

Неверојатниот Ерлинг Халанд кој во јануари пристигна во Борусија Дортмунд, за својот нов тим веќе постигна дури 11 голови.

Заедно со головите во дресот на Салцбург, 19-годишниот Халанд има постигнато неверојатни 39 голови на 29 натпревари.

Интересно е што пред две години, Норвежанецот имаше можност да потпише за Рома, но „римската волчица“ сметаше дека фудбалерот кој тогаш играше за Молде не е доволно добар за нив. Таа одлука ја донесе еден од најдобрите ловци на таленти, спортскиот директор Мончи кој успеа Севиља од просечен шпански тим да ја направи елитна европска екипа.

– На Рома пред две години и беше понудено да го купи Ерлинг Халанд за само четири милиони евра. Халанд на директорот Мончи му беше препорачан од поранешен фудбалер на Рома, но клубот одби да го купи бидејќи мислеа дека не е доволно добар. Потоа Халанд потпиша за Салцбург и тоа беше одличен потег – изјави Себастијан Нела, спортскиот директор на женската екипа на Рома.

Прочитајте и...  Дибала се пофали дека е излечен од коронавирус, повторениот тест вели поинаку

Рома не е единствената екипа која направи погрешна проценка за Халанд. Имено „Билд“ пишува дека пред четири години, Норвежанецот бил на проба во Хофенхајм и апсолутно ги задоволил вкусовите на тренерите, но не потпишал поради бизарна причина.

Според зборовите на Михаел Мутцел кој тогаш беше шеф на скаутите на Хофенхајм, челниците на тимот одбиле да потпишат со Халанд поради 3.000 евра месечно. Имено, Хофенхајм младите фудбалери ги плаќа 2.000 евра месечно, а родителите на Халанд барале 5.000 евра по што од клубот ги прекинале преговорите.

Прочитај повеќе

Ливерпул со еден потег стана најомразен клуб во Англија

Слободен печат

Фудбалерите во Премиер лигата одбиваат намалување на платите

Слободен печат

Белгијците се пишманат за прекинот на првенството по заканите од УЕФА

Слободен печат

Дибала се пофали дека е излечен од коронавирус, повторениот тест вели поинаку

Слободен печат

ХУМАНОСТ НА ДЕЛО: Фудбалерите на Волфсбург помагаат во супермаркет (ВИДЕО)

Слободен печат

ЛЕГЕНДА: Таткото го потстрижа синот како Роналдо, реакцијата е урнебесна (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Тајсон од боксерски шампион стана крал на марихуаната, заработува милион долари месечно

Слободен печат

Петиција за титулата во Серија А да и припадне на Аталанта

Слободен печат

Брајант се мотивирал така што носел слика со себе од својот противник

Слободен печат

НЕВЕРОЈАТНО: Обложувалници измислиле фудбалски натпревари и заработиле богатство

Слободен печат

Најлошите тетоважи на спортистите (ФОТО)

Слободен печат

Откриено зашто е уапсен Пријовиќ, не го прекршил полицискиот час

Слободен печат