Халанд беше во право кога го избра Дортмунд пред Јунајтед

twitter/Borussia Dortmund

Рајола ги нападна „црвените ѓаволи” дека клубот уништувал премногу талентирани играчи. Агентот сега откри некои детали за самата зделка за неговиот клиент.

Агентот на новата sвезда на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд – Мино Рајола, објасни дека го подготвувал договорот за Норвежанецот околу една година, потврдувајќи дека Халанд донел добро осмислена одлука да се пресели на „Сигнал Идуна парк”.

Стрелецот му се придружи на тимот од Дортмунд за 18 милиони евра, отфрлајќи ја понудата на Манчестер Јунајтед. Самиот Рајола ги нападна „црвените ѓаволи” дека клубот уништувал премногу талентирани играчи. Агентот сега откри некои детали за самата зделка за неговиот клиент.

– Јас бев зафатен со Халанд последната година. Разговарав со голем број клубови, ги слушав нивните планови и преговарав за суми. Ова му овозможи на Ерлинг да направи оправдан избор – резимираше Рајола.

Халанд ја започна својата сензационална кариера со тимот на Дортмунд, постигнувајќи осум гола на неговите први 4 натпревари со „жолто-црниот” дрес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот