ХАКИРАЊЕ на климата: Повторно замрзнување на Арктикот за спас на планетата

Тим научници на Универзитетот „Кембриџ“ ги разгледува методите за поништување на штетните последици од климатските промени, вклучувајќи го и повторното замрзнување на Арктикот, вшмукувањето на штетниот вишок на јаглерод диоксид од атмосферата и „раззеленување“ на океанот.

Центарот за обнова на климата е дел од Иницијативата за иднина без емисии на штетни соединенија на јаглерод, која ја води д-р Емили Шакберг. Координаторот на проектот, професорот Дејвид Кинг, поранешен главен научен советник и специјален претставник за климатски промени на британската влада, објаснува дека „времето веќе не е на наша страна“.

„Она што упорно го правиме, новостите што ги воведуваме и она што имаме намера да го направиме во наредните 10-12 години, ќе ја одреди иднината на човештвото во следните 10.000 години“, вели тој.
Една од идеите во областа Геоинженеринг, која научниците ја разгледуваат, е уфрлување на солена вода високо во атмосферата поради „избелување“ на облаците за од нив да се одбива топлината и да се враќа во вселената, со цел повторно да почне замрзнувањето под нив.

Друго можно решение е „повторното раззеленување“ на Земјата со вегетација, на море и на копно, за да се отстрани јаглеродниот диоксид од воздухот.

Меѓувладиниот панел за климатски промени предупредил дека се неопходни промени од невидени размери доколку не сакаме глобалната температура да порасне повеќе од 1,5 степени Целзиусови над нивото пред индустријализацијата.

Тогаш е утврдено дека до 2030 година треба да се намали емисијата на јаглерод диоксид за 45 проценти.
„Очекуваните ризици од климатските промени се сè поголеми, па научниците тврдат дека „хакирањето“ на климата треба да се врати на дневен ред, не како алтернатива за намалување на јаглероден диоксид, туку како додатна мерка.“, вели Томас Мур, дописник на „Скај њуз“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот