Хаким Џефрис е првиот Афроамериканец кој ќе ги предводи демократите во Конгресот

Фото: Wikipedia

Демократската партија го избра конгресменот Хаким Џефрис за лидер во Претставничкиот дом – долниот дом на Конгресот. Џефрис ќе биде првиот Aфроамериканец кој предводи една од двете големи партии во Конгресот, што го симболизира доаѓањето на новата генерација лидери, во време кога долгогодишната спикерка Ненси Пелоси и нејзиниот тим се повлекуваат од лидерските позиции во јануари.

Демонстрирајќи невообичаено партиско единство, демократите во Претставничкиот дом непречено преминаа од еден историски лидер во друг – од првата жена претседателка на Конгресот до 52-годишниот њујорчанец кој вети дека ќе „ги реализира работите” и покрај фактот што републиканците го освоија мнозинството во Долниот дом, пишува Гласот на Америка.

Гласањето се одвиваше зад затворени врати, а Џефрис бил избран едногласно.

-Сите преземаме голема одговорност, изјави тој пред новинарите пред состанокот на партиската група. „А најдоброто што можеме да го направиме, како резултат на сериозноста и тежината на овој момент, е одговорно да се посветиме на тоа и да го направиме најдоброто можно во интерес на граѓаните”.

Реткост е партијата која тукушто изгубила избори за Конгресот, толку лесно да се регрупира, што е спротивно на актуелните превирања меѓу републиканците, кои се обидуваат да се обединат зад лидерот Кевин Мекарти како нов претседател на Претставничкиот дом, додека се подготвуваат да ја преземат власта кога новиот состав на Конгресот ќе започне со работа во јануари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот