Хакерски напади врз министерството за здравство на САД за спречување на напорите против коронавирусот

Хакери/ Фото: ЕПА

Министерството за здравство на САД било подложено на кибер напади синоќа, а поврзано со напорите што се прават за спречување на коронавирусот, изјавија официјалани лица за „Еј-би-си”.

Нападот бил во форма на ДДоС, или дистрибуиран отказ на сервис, кое се прави со испраќање на илјадници електорнски пораки од ботови а во тек на краток временски период на серверите на одреден ентитет. Поради приливот на пораки, серверите престануваат со работа.

Од министерството изјавија дека сепак немало упад во системите кои органот ги вклучи за одговор на предизвиците од коронавирусот. Се укажува дека ова, сепак, не е прв напад по започнатата криза со Ковид-19, и официјални лица за теливизијата изразија стравувања дека нема да биде ниту последен.

Аналитичари од безбедносните служби моментално работат на утврдување од каде дошле ДДоС нападите и дали се поврзани со „терористички и екстремистички групи и странски непријатели, кои ја користат ситуацијата со насоченото внимание на короанвирусот и вршат напади”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот