Хакерски напад врз лабораторијата во Оксфорд каде се истражува ковид-19

Фото: ЕПА

Кибер банда извршила хакерски напад врз биолошката лабораторија на Универзитетот во Оксфорд, каде се истражува ковид-19, соопшти денеска британскиот весник „Телеграф”.

Според лондонскиот весник, хакирањето се случило во Одделот за структурна биологија, познат како „Страби”, каде се истражува Ковид-19, пренесуваат британските медиуми.

Универзитетот во Оксфорд веднаш не даде одговор на барањето за коментар, но за „Телеграф” потврди дека одделот „Страби” бил цел на хакерски напад.

-Го идентификувавме и ограничивме проблемот и сега истражуваме натаму, го цитира весникот портпаролот на Оксфорд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот