Хакерски напад врз данската новинска агенција Рица

Најголемата данска новинска агенција Рица (Ritzau) денеска соопшти дека ја одбиле уцената од хакерите, поради чиј напад била принудена да престане да објавува вести и фотографии на вообичаен начин.

Директорот на Агенцијата, Ларс Вестерлејк не можеше да каже колкава сума побарале хакерите за „ослободување” на нападнатите податоци, бидејќи Агенцијата не сака да го отвори „документот со порака” оставен за време на нападот.

Рица која емитува вести и фотографии до корисниците во Данска од 1866 година, нема да работи на вообичаен начин барем уште еден ден, а дотогаш ќе им пренесува содржини на корисниците преку шест блогови.

– Ако се оди како што очекуваме, утре постепено можеме да се вратиме во нормала, рече Вестерлејк.
Тој додаде дека хакерскиот напад погодил околу 25 од 100-те сервери на агенцијата.

Засега не е познато кој стои зад нападот.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот