Хакерот поради кој е казнет Сити се наоѓа во притвор и му се заканува долга затворска казна

Руи Пинто е хакерот кој го откри „Football Leaks“ поради кој англискиот тим заработи драконска казна.

УЕФА беше немилосрдна кон Манчестер сити кој поради финансиски малверзации во наредните две години нема да игра во Лигата на шампионите, но овој случај воопшто немаше да постои доколку не беше човекот по име Руи Пинто.

Станува збор за португалски хакер кој ги откри малверзациите не само во Манчестер сити, туку и во уште неколку екипи и сите тие ги објави под називот „Football Leaks”.

Пинто денеска е едно од најважните имиња во судскиот систем на Португалија бидејќи го очекува судење за дури 90 хакерски прекршоци, измами и саботажи. Моментно се наоѓа во притвор и го очекува судењето за сите дела меѓу кои е и упадот во мејловите на Манчестер сити.

Прочитајте и...  Американците објавија нови докази, Русија и Катар ги купиле СП 2018 и СП 2022
твитер

Пинто во 2015 година од својот дом во Португалија успеал да дојде до најважните податоци за финансиските малверзации на Манчестер сити, а потоа им ги проследи на медиумите. Тие веднаш ги објавија во јавноста по што УЕФА отвори официјална истрага и на крајот донесе драконска казна.

Пинто поседувал дури 3.4 терабајти документи од поголем број на фудбалски екипи и 70 милиони документи.

Иако за многумина фудбалски фанови тој е херој, Пинто е уапсен и од март минатата година се наоѓа во притвор од каде го очекува судењето.
Неодамна повторно поднесе жалба и бараше да биде пуштен, но таа не беше усвоена и тој остана во притвор.

твитер

Откако во петокот Сити заработи суспензија, одеднаш Руи Пинто повторно стана херој. На социјалните мрежи започна кампања „правда за Пинто“ и „Слобода за Пинто“, а навивачите на Борусија Дортмунд направија транспарент со порака Пинто да биде пуштен од притвор.

Прочитајте и...  Бев пред пензија, со цигара во рака и голем стомак, но тогаш ми пријде Антиќ...

Португалскиот хакер во интервју за „Шпигел“ открива дека бил свесен за ризикот во кој се впуштил.

– Бев свесен за тоа што може да ми се случи. Знаев дека португалските власти судски ги гонат „свиркачите“, и поради тоа бев подготвен за ова што денеска ми се случува. Португалските власти се плашат од она што јас го знам, и затоа е важно да не го загубам разумот. Водев белешки кои ми беа незаконски одземени. Мојот адвокат беше присутен кога ми ги одзедоа белешките и тогаш кажа дека тоа што го направија обвинителите е незаконско. – изјави Пинто за „Шпигел“.

Прочитај повеќе

Јакимовски се пријави за хуманитарен лет, но и натаму е на „листата на чекање“!

Слободен печат

Тотенхем го предупредува Мурињо после тренингот во парк! (ФОТО)

Слободен печат

Садио Мане: Сакам да бидам шампион на теренот!

Слободен печат

И самиот се изненади, неверојатен потег на украински фудбалер! (ВИДЕО)

Слободен печат

Марино: Белгијците откажаа, и Премиер лигата ќе го направи истото!

Слободен печат

Федерер дели бесплатни совети на Инстаграм, се јави Ѓоковиќ и забавата е загарантирана (ФОТО+ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Роналдињо ја плати кауцијата и излезе од затвор

Слободен печат

Бев пред пензија, со цигара во рака и голем стомак, но тогаш ми пријде Антиќ…

Слободен печат

Одложена и деветтата трка во Ф1 сезонава

Слободен печат

После Џордан, Коби Брајант е најдобриот

Слободен печат

Реал Мадрид подготвува понуда за Халанд

Слободен печат

Американскиот тенисер открива: Сервисот на Ѓоковиќ е потценет

Слободен печат