Хакерите во последните пет години ги оштетиле Црногорците 1,8 милиони евра

Фото: ЕПА

Кибер криминалците во текот на годината ги оштетиле граѓаните на Црна Гора за 75.000 евра, а во изминатите пет години за 1,8 милиони евра, соопшти полицијата.

Во изминатиот период поднесени се 21 кривична пријава против 26 осомничени за високотехнолошки криминал. Полицијата истакна дека не е лесно да им се влезе во трага на кибер криминалците, бидејќи често дејствуваат од територија на друга држава.

Полицијата во периодот од 2015 до 2020 година обработила над 120 предмети при што директната штета по црногорските граѓани изнесува 1,8 милиони евра. Додека при спречување на измамите на самот почеток до граѓаните вратени се над 6,8 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот