Хакерите не украле ништо важно, тврди Рама – така му кажале Американците

Еди Рама/ Фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

По двата хакерски нападi за кои Албанија го обвини Иран, премиерот Еди Рама и понатаму е категоричен дека хакерите не ја постигнале целта и не дошле до важни податоци – вели дека така му кажале „Американците“.

Одговарајќи на обвинувањата на пратеникот на опозициската Демократска партија, Фердинанд Џаферај, Рама рече дека хакерите не дошле до чувствителни податоци, благодарение на степенот на заштита на албанските власти.

Медиумите во Албанија денеска пренесоа дека хакерите објавиле списоци со 105 илјади лица осомничени за криминал, кој го украле од системот МЕМЕКС.
Рама рече дека не е вистина оти хакерите го пробиле полицискиот систем МЕМЕКС и дека „приказните со списоци” се смешни и станува збор за фотомонтажа.

„Американците, кои ги знаат тие работи, велат дека нападот не ја постигнал целта. Нападот беше исклучително организиран, со четири групи и не ја постигнаа целта да ни ја уништат дигиталната инфраструктура и да ги избришат сите податоци. Впрочем, ништо чувствително не е преземено, сѐ уште сме во процес на дигитализирање на голем дел од архивите. Причината поради која нападот не стигна до својата цел е тоа што имаме одредено ниво на одбрана“, рече Рама.

Тој додаде дека планот за подигање е во неколку фази, бидејќи не може се да се направи во исто време и во сите правци. Рама ја спомена и Македонија – рече дека таму „нападната агенција сѐ уште не го вратила системот во нормала”, веројатно алудирајќи на нападнатата веб-страница на МОН.

„Денеска кога зборуваме, во Северна Македонија, агенција не функционира затоа што е земена како заложник од хакери. Ние никогаш не сме имале никакви проблеми. Хакерите не ја постигнаа својата цел, вие тоа го сакавте, но тоа не се случи, не избрзувајте со смешни заклучоци. Тој напад не ја постигна целта, тие приказни со списоци се фотомонтажа. Тоа што се појави не е МЕМЕКС системот на министерството. Всушност, тоа е невистинито од почеток до крај“, рече Рама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот