Хакери открија податоци на 6,5 милиони Израелци

Фото : Архива

Апликацијата ја користи партијата Ликуд на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, а откриените податоци вклучуваат имиња, адреси, матични броеви, место на кое гласаат, а во некои случаи и телефонски броеви, пол и партиска припадност.

Поради повреда на безбедноста во апликацијата која ја користи израелската конзервативна партија, хакери открија лични податоци на речиси 6,5 милиони Израелци, изјави експертот за кибер безбедност Ноам Ротем.

Апликацијата ја користи партијата Ликуд на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, а откриените податоци вклучуваат имиња, адреси, матични броеви, место на кое гласаат, а во некои случаи и телефонски броеви, пол и партиска припадност.

Ликуд соопшти дека е спречен обид за оштетување на дигиталната платформа, која се користела за регрутирање приврзаници на партијата на денот на изборите.

Податоците стигнале до хакерите благодарејќи на неисправната безбедност на апликацијата, која Ликуд ја користел под името „Електор“, а дизајнирана е од израелската софтверска компанија Фидбек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот