Хакери нападнале македонски институции и банки, во истрагата вклучени експерти од странство

Фото: ЕПА

Претседателот Стево Пендаровски вечерва во интервју на ТВ21 откри дека пред околу една и пол година, неколку институции во државата, меѓу кои и две банки, биле цел на хакерски напади.

„Пред година и пол, битни институции во државата, меѓу кои и две најголеми банки беа цел на хакерски напади. Мојот кабинет не го сметам во таа категорија, но неколку пати ни е соборуван сајтот“, рече тој.

Шефот на државата додаде дека имало истрага со форезничари од странство и оти било откриено од каде доаѓаат нападите, но не и дали тие групи биле спонзорирани од држави.

– Две најголеми банки и две-три други државни институции беа соборени. Имаше истрага од Обвинителството со форезничари и од странство. Заклучија дека нападот е од надвор, истрагата води до некои групи за кои не можеме да заклучиме дека се државно спонзорирани, но најверојатно имаат релација со некои држави – вели Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот