Хакери ја нападнаа веб-страницата за социјално осигурување во Италија

хакер
Хакер, илустрација / Фото: Архива на Слободен печат

Според него, ИНПС примила околу 339.000 барања за помош во висина од 600 евра, но поради хакерите не им бил овозможен пристапот до веб-страницата.

Компјутерски хакери ја нападнаа италијанската веб-страница за социјално осигурување, поради што таа денес „падна”, во момент кога луѓето почнаа да аплицираат за бенефиции поврзани со епидемијата на коронавирусот, изјави првиот човек на Агенцијата за социјална заштита (ИНПС), Пасквале Тридико.

Според него, ИНПС примила околу 339.000 барања за помош во висина од 600 евра, но поради хакерите не им бил овозможен пристапот до веб-страницата.

– Имавме претрпено неколку хакерски напади во последните неколку денови и тоа предизвика голем дефект. Тие продолжија  и денеска и моравме да ја затвориме веб-страницата, изјави Тридико за РАИ.

Поради ограничувањата, многу компании престанаа да работат, а во првичниот одговор на економската криза, самовработените или сезонските работници можат да се пријават на ИНПС за помош од 600 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот