Хакери ја нападнаа хрватската нафтена компанија „ИНА“

Фото: Википедиа

Хрватската нафтена компанија „ИНА Група“ вчера соопшти дека на биле цел на хакерски напад кој започнал на 14 февруари и предизвикал потешкотии во работата на информатичките системи.

Сајбернападите, како што наведува компанијата, повремено можат на влијаат на издавањето на бонови на мобилните телефони, електронските вињети, плаќање на сметките и сл.

Хрватската компанија, меѓутоа, истакнува дека поради хакерските напади не е загрозено снабдувањето на пазарот.

– Продажбата на гориво на нашите малопродажни места продолжува непречено. Спроведувањето на сите плаќања е сигурно, независно од тоа дали станува збор за готовинско плаќање, на ИНА-картичките или со кредитни картички – се наведува во соопштението објавено на сајтот на компанијата.

Во соопштението се додава дека ИНА ги презема сите мерки за што побрзо да ги отстрани потешкотиите во работата на системот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот