Хакер открил и објавил листа со повеќе од 500.000 кориснички имиња и лозинки

Засега непознат хакер на „Дарк Веб“ поставил листа од лозинки за преку 500.000 сервери, рутери и паметни уреди.

Листата објавена на популарниот форум за хакирање вклучува ИП адреси, кориснички имиња и лозинки.

Останува нејасно колку се веродостојни податоците, бидејќи сите листи датираат помеѓу октомври и ноември 2019 година.

Меѓутоа, експеритите предупредуваат дека, дури и ако ИП адресите и лозинките се променети, добро обучени хакери и понатаму можат да ги искористат слабостите на други уреди групирани на ист ИСП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот