Хакер откри како чекор по чекор да ги избришете 99,9 отсто од вашите податоци на интернет (ФОТО)

Последниве години многу се зборува за заштита на приварноста на интернет, а ако поради тоа сте сакале да исчезенете од интернетот сообраќајот, не сте единствени.

Еден програмер кој се претставил со име Лиам одлучил да им помогне на луѓето и на својот Твитер чекор по чекор открил како да избришете 99,9 отсто од своите податоци на интернет.

Октрил дека и тој се занимавал со хакирање и упаѓал во системи од својата 11 година.

Пронајдете ги сите е-мејл адреси што сте ги користиле некогаш.

Поминете низ сите мејлови на кои може да се сетите што сте ги користеле последниве 10 години. Најдете ја лозинката бидејќи ќе ви треба за да се одлогирате од интернет-страниците на кои сте се логирале кога сте ги користеле.

Избришете ги старите профили на страниците кои сте ги користеле.

Претражите во мејловите со клучните зборови „Sigh up“ или  „Welcome“. Одлогирајте се од секоја од тие страници и избришете го профилот.

Напоменува дека за некои сервиси прво потребно е да се избрише целата содржина и пораки пред да се одјавите, бидејќи можно е нешто да биде архивирано, а така и понатаму ќе останат безразика што ќе ја избришете вашата страница.

До сега веќе сте го избришале профилот на Фејсбук, но ако го гуглате своето име и локација,  веројатно ќе најдете некои информации за себе. Тука Лиам како решение предлага Google Console на кое можете да видите кои апликации имаат пристап до вашите податоци, но и да им испратите линкови за информација и да побарате да бидат тргнати.

Избришете ги сите мејлови кои веќе не ги користите, но сочувајте ги тие кое ќе ви бидат уште потребни. На нив променете ги лозинките и сигурносните прашања. Исто така напоменува дека лозинката треба да ја менувате на секои шест месеци, бидејќи хакерите секојдневно доаѓаат до нови податоци и ги користат за да ве нападнат. Внимавајте новата лозинка да не биде слична со старата, бидејќи често ќе ги комбинираат тие податоци и лесно ќе дојдат до вашата нова лозинка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот