Хајко Мас: Односите меѓу Грција и Турција се во критична фаза

Фото: EPA-EFE/FATIH AKTAS / Turkish Foreign Ministry Press Office HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Грција и Турција се наоѓаат во предвоена состојба, поради граничниот спор и желбата на двете страни да вршат експлоатација на природен гас на дното од Средоземното Море. Ситуацијата стана алармантна откако истражувачкиот турски брод „Оруч Реис“ беше испратен во спорните води да врши подводни тестови.

Германскиот министер Хајко Мас е во дипломатска акција на релација Анкара – Атина, обидувајќи се да ги затопли односите помеѓу Турција и Грција, за кои вели дека се во мошне критична фаза.

Тој сепак смета дека ниту една од страните нема волја спорот да го решава со воени средства.

– Има волја за дијалог – оцени Мас на заедничката прес-конференција одржана со турскиот колега Мевлут Чавушоглу, по состанокот во Анкара.

Спремност за преговори и изнаоѓање решение кое ќе го гарантира мирот на регионот, изрази и Чавушоглу, но ги отфрли условите на Атина, во врска со спорот околу морската граница во Источниот Медитеран.

– Турција е подготвена на дијалог за рамноправна поделба без предуслови, но тоа нема да биде возможно доколку Грција продолжува да испорачува услови – посочи Чавушоглу.

Со цел да ги смири страстите, Мас претходно беше и во Атина каде што одржа работна средба со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендијас.

– Моменталната ситуација во Источен Медитеран е играње со оган и секоја најмала искра би можела да доведе до катастрофа – изјави Мас во Атина, додавајќи дека ниту една од страните нема интерес од конфликт, а особено не нивните сојузници од НАТО.

Грција и Турција се наоѓаат во предвоена состојба, поради граничниот спор и желбата на двете страни да вршат експлоатација на природен гас на дното од Средоземното Море. Ситуацијата стана алармантна, откако истражувачкиот турски брод „Оруч Реис“ беше испратен во спорните води да врши подводни тестови.

Министрите на ЕУ до крајот на неделата се очекува да се состанат во Берлин, со цел да подготват заеднички одговор на Турција, која во рамките на Унијата е сметана за одговорна во напнатите односи со Грција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот