Хајдук славеше во дербито против Динамо Загреб на Адеми и Ристовски

фото: instagram.com/hnkhajduk

Во шестото коло од најсилното хрватско првенство фудбалерите на Хајдук славеа на гостувањето кај Динамо Загреб со 1:0.

Немаше голови по првото полувреме, а единствениот погодок на мечот беше реализиран во 70 минута кога триумфот на гостите го донесе Ливаја.

Кај домаќините настапија двајцата македонски интернационалци, Аријан Адеми играше до 59 минута кога беше заменет од Рог, додека Стефан Ристовски пред самиот финиш го напушти теренот, а во игра влезе Мбуку (90+8).

Сега Хајдук е на првото место на табелата во шампионатот со 14 бодови, еден повеќе од второпласираниот Динамо.

Во следното коло „модрите“ на 21 септември ќе му гостуваат на Славе Белупо на Илија Несторовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот