Хајди Клум со огромни уши на глава го честиташе Велигден од карантин! (ФОТО)

Instagram
Instagram

Бројни славни личности се огласија на овој 12 април од своите домови и го честитаа Велигден, со оглед на тоа дека целата планета е во карантин поради пандемијата на коронавирусот, а истото го стори и Хајди Клум.

Хајди е позната по своите интересни костими и трансформации, но овој пат велигденската честитка од карантин беше нешто помалку интересна.

На глава ставила волнена капа и големи зајачки уши, исто така употребила и филтер со светки и на сите им испрати љубов.

 

View this post on Instagram

 

Sending Easter L❤️VE

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum) on

– Испраќам велигденска љубов – напишала Хајди.

Една од најславните манекенки, неодамна покажа како се „бакнува“ со вереникот додека се раздвоени.

– Ова е некое чудно време, но сега сфаќаме што е важно. Поради луѓето кои ги сакаме и фактот дека мораме да ги чуваме и се трудат да бидат на сигурно – порачала Клум.

– Гледам се она што луѓето го прават едни за други ширум светот и тоа ми ја враќа надежда. Ви испраќам љубов, позитивност и желби за брзо оздравување – додала Хајди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот