Хајди Клум на суд со поранешниот сопруг: Не ми дозволува да ги однесам децата преку граница!

Profimedia
Profimedia

Моделот Хајди Клум е во процес на судење со нејзиниот поранешен сопруг Сил затоа што тој не ѝ дозволува да ги однесе своите четири деца во Германија за време на пандемијата од коронавирусот, пишува ЕТ Интернет.

Клум сакала да ги однесе децата со себе во Германија затоа што наскоро ќе започне со снимање на новата сезона на шоуто Германски Топ Модел во кое таа е една од судиите.

Како што истакна таа, децата скоро секогаш патуваат со неа, но нејзиниот поранешен сопруг Сил, од кого се разведе во 2014 година, се спротивставил на тоа заради ризикот од инфекција со коронавирус.

„Децата сакаат да бидат со нивната мајка. Снимањето на шоуто ќе трае околу три месеци. Таа планира да ги врати во САД за Божиќните празници да ги поминат со нивниот татко“, изјави извор близок на моделот.

Клум истакна дека е свесна за ризиците, но дека никогаш не би го загрозила здравјето на своите деца.

„Јас се придржувам кон сите мерки на претпазливост, како во Америка, така и во Германија“, рече таа.

инстаграм

Таа додаде дека Сил може да ги посети децата во Германија ако судот донесе одлука во нејзина корист. Таа наводно се обидела да ја реши ситуацијата со него пред да одлучи да оди на суд, но тој бил немилосрден. Нивната најстара ќерка исто така поднела жалба до судот.

„Ова е тешко за мене затоа што ги сакам двајцата родители. Мајка ми оди да снима три месеци и ние сакаме да бидеме со неа“,  напишала таа во пријавата, наведувајќи дека тие ќе имаат можност да ги видат своите баба и дедо во Германија.

„Моите браќа и сестри се исплашени и очајни. Тие не сакаат толку долго да бидат разделени од нивната мајка“, напишала таа.

Инаку, судот го закажал рочиштето за крајот на август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот