Хајди Клум маѓепсана од својот 16 години помлад сопруг: „Прв пат во животот чувствувам дека имам вистински маж покрај себе“ (ФОТО)
Колку е среќна и заљубена говори фактот што дури два пати застана на лудиот камен со ист човек. Хајди Клум и нејзиниот 16 години помлад партнер Том Каулиц, прв пат судбоносното „ДА“ го изговорија во февруари оваа година, а потоа неколку месеци подоцна одржаа церемонија на островот Капри во Италија.
Манекенката ја користи секоја прилика за да се пофали со својот сопруг и истакне колку ужива со него. Судејќи според сите работи, во полето љубов ѝ цветаат рози и изгеда дека оваа врска е далеку подобра од сите предходни.
Во една прилика таа изјавила: „Прв пат во животот чувствувам дека имам вистински маж покрај себе и некој со кој можам да делам се и во целост да му верувам“.
На прашањето како ѝ е во бракот, таа одговорила: „Совршено. Како поинаку да биде? Дали сте го виделе мојот сопруг, тој е совршен!“
Ова е трет брак за Хајди и во нејзиниот случај изреката „трета среќа“ е вистинита.
Том го опишува како најмилата и најгрижливата личност на која може во секој момент да се потпре.
„Не помнам кога последен пат бев волку среќна“, изјавила таа.
После сите љубовни бродоломи, заслужи да ужива со својот партнер. Тие се вистински пример дека љубовта е нешто што може да не препороди.