Хаг: Одбиено барањето за ослободување на Кадри Весели

Фото: Газета експрес

 Хашкиот судија Николас Гију го отфрли барањето на одбраната на некогашниот лидер на ОВК, Кадри Весели за негово времено ослободување, објави Косово онлајн.

Истовремено, одбиено е и барањето на одбраната за одржување рочиште за усмено излагање за споменатото барање.

Без разлика што судијата ги прифати аргументите на одбраната дека Весели нема да се обиде да избега доколку биде времено ослободен, тој образложи дека таквите аргументи не ја исклучуваат целосно опасноста од бегство.

Судијата Гију смета дека постои опасност оти доколку биде ослободен, Весели би можел да се обиде да врши опструкција на правдата и да ги заплашува сведоците.

Главниот обвинител Џек Смит претходно наведе зошто треба да се одбие барањето на адвокатот на Весели, Бен Емерсон, со констатација дека за извршените дела му се заканува казна доживотен затвор. Затоа Обвинителството смета дека Весели треба да остане во притвор.

– Весели е обвинет за воени злосторства и злосторства против човештвото, вклучувајќи убиства и тортура. За злосторствата од обвинението постои можност за изрекување доживотен затвор. Постои опасност од негово бегство, која ќе се зголеми кога Весели и неговата одбрана ќе ги дознаат сите докази кои ги имаме против него, се додава во соопштението на Обвинителството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот