Хаџиевски нов тренер на Емирејтс

Поранешниот македонски селектор Ѓоко Хаџиевски повторно си најде тренерски ангажман во Обединетите Арапски Емирати, тој денеска е промовиран во нов тренер на Емирејтс. Преземањето на Емирејтс значи враќање за Хаџиевски во ОАЕ по пауза од една година. Тој по заминувањето од Ал Дарфа, минатата  сезона беше спортски директор и на неколку натпревари и тренер на Беласица, но по краток период се раздели со струмичани.

Хаџиевски претходно во својата кариера беше тренер и на Пелистер, Вардар, Силекс , ЦСКА Софија, Војводина, Џубило Ивата, Касторија, Докса, Баку, Атримитос, Најран, Ал Таевон, Хата, а освен на Македонија беше селектор и на Азербејџан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот