Хачинсон: Ќе се дискутира за активирање на членот пет на НАТО за ангажман во Сирија

САД сериозно ја разгледуваат можноста да се ангажираат воено и да и помогнат на Турција во намерата да се запре конфликтот во северна Сирија, а има можност и за вклучување на НАТО, изјави синоќа Кеј Бејли Хачинсон, амбасадорката на САД во НАТО.

Ескалацијата на насилствата во регионот на Идлиб, каде турската армија врши воена операција за запирање на режимот на Башар Асад, помогнат од Русија, вчера, резултираше со големи персонални загуби за турската армија.

Според некои извештаи, во руско-сириски воздушен напад врз пункт на турската армија вчера биле убиени 33 турски војници.

На брифинг за новинарите синоќа во Вашингтон, Хачинсон изјави дека САД се координираат со своите сојузници и со Турција, за воена помош во разузнавање и воздушно надгледување на регионот. САД претходно на турската армија и доставија неколку батерии од свој противвоздушен систем.

-Дефинитивно дискутираме за тоа, ситауацијата е многу комплицирана. Она што можам да кажам е дека ние сме против Русија и Сирија, и сирискиот режим. Иако нема конечна одлука што всушност се побарало и што може да биде дадено, изјави Хачинсон.

Во меѓувреме, амбасадорите на НАТО денеска на одржана итна седница свикана од Турција, како земја членка, изразија „солидарност” со Анкара, ги осудија воздушните напади, и повикаа на деескалација на конфликтот во регионот.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во меѓувреме, постави рок од 48 часа сириските сили да ги напуштат освоените области, да се прогласи зона забранета за летање и прекин на огнот.

На новинарско прашање, дали во НАТО размислуваат да се ангажираат во Сирија и да се активира членот 5 од договорот за НАТО за зашита на земја членка нападната од странска сила, откако Трција објективно беше нападната од Русија, амбасадорката Хачинсон одговори дека не се разговарало за тоа.

-Ситуацијата е многу е комплицирана, се одвива многу брзо, постои многу тензија, и се ќе биде дискутирано, изјави Хачинсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот