Хабиб не сака реванш со Мекгрегор ниту за 100 милиони долари

Актуелниот УФЦ шампион во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов порача дека не е заинтересиран за реванш со Конор Мекгрегор кого го победи во октомври 2018 година.

Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт, во неделата изјави дека новата борба помеѓу Мекгрегор и Нурмагомедов може да се одржи есенва, но таквата идеја воопшто не му се допадна на УФЦ шампионот во лесна категорија.

– Не сум заинтересиран за реванш. Што ако ми понудат 100 милиони долари? Има многу други спортови во кои тој износ може да се вложи. Зашто би ми биле потребни 100 милиони долари за повторно да го победам – изјави Нурмагомедов за руската новинска агенција Тасс.

Последната борба на Нурмагомедов беше во септември минатата година кога го победи Дастин Поирие и ја запиша 28. победа во исто толку мечеви, а следниот предизвик го очекува на 18 април кога ќе ја брани титулата против Тони Фергусон.

Борбата помеѓу Нурмагомедов и Мекгрегор се одржа во октомври 2018 година, а триумфура Русинот откако во четвртата рунда го натера Ирецот да тапка и да ја предаде борбата. Веднаш по борбата настана хаос и масовна тепачка на трибините бидејќи Хабиб го нападна тимот на на Мекгрегор.

Поради инцидентот, Нурмагомедов беше суспендиран на девет месеци и доби казна од 500.000 долари, додека Мекрегор заработи суспензија од шест месеци и 50.000 долари казна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот