Хабек: Испораките на гас од Русија се намалени од политички, а не технички причини

Роберт Хабек/ Фото EPA-EFE/FILIP SINGER

Причините за намалувањето на испораките на гас од Русија се политички, а не технички, изјави денеска германскиот министер за економија Роберт Хабек.

-Се уште не е готово, рече Хабек, додавајќи дека се уште постои можност за ограничување на испораките на енергенти од Русија, пренесуваат британските медиуми.

„Газпром” вчера соопшти дека го намалил снабдувањето на Германија со подморскиот гасовод „Северен тек I” на максимални 100 милиони кубни метри дневно, што е намалување од 167 милиони кубни метри, наведувајќи ги како причина доцнењето во враќањето на опремата испратена на поправка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот