Гвинет Палтроу полни 50 години: Го прифаќам моето тело и се откажувам од потребата да бидам совршена

Гвинет Палтроу / Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Актерката Гвинет Палтроу ќе го прослави својот јубилеен 50. роденден на 27 септември годинава. По тој повод, таа напиша нова објава на нејзината веб-страница и искрено проговори за процесот на стареењето и за патот до себељубието.

„Додека правам сѐ што можам за да се стремам кон добро здравје и долговечност, имам мантра што ја вметнувам во непромислените мисли кои се обидуваат да ме исфрлат од колосек: прифаќам. Ги прифаќам трагите, олабавувањето на кожата и брчките. Го прифаќам моето тело и се откажувам од потребата да бидам совршена, да изгледам совршено, да ѝ пркосам на гравитацијата, да ѝ пркосам на логиката. Ја прифаќам мојата човечност“, напиша Палтроу.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gwyneth Paltrow (@gwynethpaltrow)

Палтроу зборуваше на оваа тема уште во 2019 година. Во разговор со водителките Жан Годфри-Џун и Меган О’Нил, таа сподели дека не била воодушевена од својот изглед во минатото, но дека почнала да ги прифаќа своите недостатоци со текот на годините.

„Никогаш не се сметав себеси за убава. Мислам дека моментите во кои некој се чувствува целосно задоволен од својот изглед се ретки. Јас се чувствувам како и речиси секоја жена – кога ќе се погледнам во огледало, не го гледам тоа што го гледаат другите. Тоа е внатрешно, неописливо. Не знам како да ви кажам, но како што одминуваат годините, јас сум сѐ помалку самокритична, сега јасно знам што сакам во животот“, сподели актерката пред три години, во своето гостување во поткастот на „goop“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gwyneth Paltrow (@gwynethpaltrow)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот