Гвардиола „загрижен“ пред полуфиналниот дуел со Манчестер јунајтед

twitter.com/City_Xtra

Менаџерот на Манчестер сити вели дека Манчестер јунајтед е помеѓу најдобрите екипи на светот кога на неговите играчи ќе им се дозволи простор за трчање.

„Граѓаните“ му гостуваат на градскиот ривал во вторник од 21.00 часот, во рамките од полуфиналната пресметка во Лига купот, а шпанскиот менаџер е свесен колку ќе биде тежок мечот.

– Тоа е тим кој е направен за да трча. Кога ќе им се дозволи да трчаат, тие се помеѓу најдобрите екипи, не само во Англија. Џејмс, Гринвуд, Марсија, Решфорд, Лингард…Сите тие се неверојатно брзи играчи – истакна Шпанецот.

Гвардиола сепак нема да се фокусира на тој сегмент од играта на ривалот:

– Не смееме само на тоа да гледаме, мораме да одиме да постигнеме гол, да ја играме својата игра. Единствено само така можеме да оствариме добар резултат.

Да потсетиме, во неодамнешниот дуел на двата тима во Премиер лигата, Јунајтед славеше на „Етихад“ со 2:1.

Првиот натпревар ќе се игра на „Олд Трафорд“, а реванш дуелот од полуфиналето од Лига купот ќе се игра на „Етихад“ стадионот на 29. јануари.

Во втората полуфинална пресметка од ова англиско фудбалско натпреварување Лестер сити игра против Астон Вила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот