Гвардиола: Веднаш знаев дека Фоден е посебен

EPA-EFE/NIGEL RODDIS

Фил Фоден со голот во петтата минута му донесе победа на Манчестер сити во дуелот со Тотенхем, што претставува одмазда за елиминацијата од ЛШ.

– Ова момче е посебно. Кога пристигнав во Манчестер сити, директорот Чики Бегиристајн ми кажа: Има едно момче од 15 – 16 години, мораш да го видиш. Фил дојде да тренира со првиот тим на еден – два дена и муреков на директорот:„ Во право си Чики, одличен играч е Фоден“.
Но морате да бидете внимателни со младите играчи. Колку може да биде брз напредокот толку е брз и падот. Сепак, немам дилеми, го гледам секој ден на тренинзите и тој е посебен – вели менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот