Гвардиола: Тој не смеете да го продадете ниту за 500 милиони евра!

twitter.com/City_Xtra

Пеп Гвардиола до управата на англискиот шампион им порача дека само еден играч не смее да се продаде за било каква цена.

„Граѓаните“ изминатите години потрошија многу пари со цел да го постигнат сегашното ниво, но истовремено се трудеа од својата академија да ангажираат фудбалери кои би биле иднината на клубот.

Шпанскиот стратег вели дека 19-годишниот Фил Фоден е токму профил на фудбалер кој мора да остане на „Етихад“.

– Фоден е единствениот играч кој не смее да се продаде за било каква цена. Дури и за 500 милиони евра. Фил е иднината на Манчестер сити. Кога ќе си замине Давид Силва, знаеме кој ќе го замени. Фоден ќе биде една од најголемите ѕвезди во англиската Премиер лига – рече Гвардиола.

Англичанецот во овој клуб е уште од 2009 година, а оваа сезона одигра четири натпревари во првенството на Англија, со еден постигнат гол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот