Гвардиола: Сити ќе игра во полуфиналето

EPA-EFE/ANDY RAIN

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола верува дека неговиот тим може да направи пресврт против Тотенхем и да игра во полуфиналето на Лигата на шампионите. Во првиот натпревар од четвртфиналето Тотенхем славеше со 1:0 .

Сигурен дека ќе играме во полуфиналето на Лигата на шампионите. Чувство дека ќе минеме понатаму имав и кога ја гледав снимката од првиот меч, а истото чувство го имам и сега. Можеби грешам, но уверен сум дека ќе поминеме – изјави Гвардиола.

Евентуален неуспех против Тотенхем нема да биде крај на светот според Гвардиола. Манчестер сити веќе освои еден трофеј во Лига Купот, а го очекува финале во ФА Купот и жестока борба со Ливерпул за шампионската титула во Премиерлигата.

– Ако бидеме елиминирани, ќе бидеме тажни еден ден или два, а потоа ќе се сконцентрираме на борбата за трофеите во Премиер лигата и во ФА купот. Евентуалната елиминација не е причина за паника, затоа што и наредната сезона ќе бидеме дел од Лигата на шампионите – рече Гвардиола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот