Гвардиола: Сè уште не сме шампиони

EPA-EFE/NEIL HALL

Манчестер сити го победи градскиот ривал со 2:0 и на три кола до крајот на сезоната се врати на првото место на табелата. „Граѓаните“ по 35. кола имаат 89 бодови, еден повеќе од Ливерпул во една од најнеизвесните борби за титулата во последните 10-тина години.

– Игравме под голем притисок, бидејќи Јунајтед се бори за место во ЛШ. Треба да останеме мирни, сè уште не сме шампиони. На моите фудбалери им реков да не гледаат телевизија, да не читаат весници и да не следат што пишува на интернет. Потребно е добро да се одморат и да дадат се од себе на следниот натпревар против Барнли. Се е во наши раце – вели Пеп Гвардиола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот