Гвардиола се „откажа“ од титулата, Сити не може против најдобрите!

twitter.com/City_Xtra

Менаџерот на Манчестер сити вели дека неговата екипа во овој момент не може рамноправно да се натпреварува со најдобрите европски клубови и дека мора да ја прифати реалноста.

„Граѓаните“ на својот „Етихад“ во градското дерби загубија со резултат 1:2 од Манчестер јунајтед и моментно во трката за шампионската титула во Премиер лигата заостануваат дури 14 бодови зад водечкиот Ливерпул.

– Мораме да напредуваме, да ја прифатиме реалноста и да гледаме само напред. Манчестер јунајтед има квалитет да се брани, квалитет да напаѓа на контри, и тоа исто така мора да се прифати. Тоа е ниво со кој се сретнуваме против Ливерпул, Манчестер јунајтед, Барселона, Реал Мадрид, Јувентус. Тие се екипи против кои мораме да играме, но реалноста можеби во овој момент е што не можеме да бидеме рамноправни со нив – рече Гвардиола, а пренесува „Би-Би-Си“ (BBC).

фото:твитер

Сити минатата сезона ја освои „тројната круна“, ја одбрани титулата, но оваа полусезона веќе е поразен на четири натпревари. Во сезоната 2017/2018 беше премиерлигашки шампион со рекордни 100 бодови, а во четвртфиналето на ЛШ загуби од Ливерпул.

Во истата фаза лани во Лигата на шампионите загуби од Тотенхем, но стана првиот англиски тим кој во иста сезона ги освои Премиер лигата, ФА купот и Лига купот.

И покрај променливите играи, Сити се пласираше оваа сезона во ЛШ во нокаут фазата, во пресрет на последниот меч од групната фаза в среда против Динамо Загреб.

– Заостануваме 14 бодови поради грешките кои ги направивме, поради квалитетот на нашите противници и особено поради нештата кои не можеме да ги контролираме. Тоа е реалноста, но мораме да продолжиме. Имаме и други натпреварувања, да се бориме во другите мечеви. Не размислуваме за освојување на ЛШ, не размислувам околу тоа колку бодови ни се потребни или колку останатите треба да загубат. Размислуваме само како да триумфираме на секој дуел – додаде менаџерот на Манчестер сити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот