Гвардиола се израмни со Мурињо, Сити прв фаворит за титулата во ЛШ!

Фото: EPA-EFE/Nigel Roddis

Манчестер сити успеа да обезбеди пласман во полуфиналето во Лигата на шампионите откако со две победи го елиминираше составот на Борусија Дортмунд.

Како и првиот дуел на „Етихад“, така и на реваншот во Дортмунд играчите на Пеп Гвардиола триумфираа со ист резултат 2:1 и со вкупни 4:2 се најдоа во следната фаза. А таму „граѓаните“ ќе ги одмерат силите против ПСЖ, додека Реал Мадрид ќе се соочи со Челси.

Според светските обложувалници моментно најголем фаворит за освојување на трофејот сезонава во ЛШ е Манчестер сити. Според „bwin“, Манчестер сити има најголеми шанси да стигне до трофејот, односно има квота 2,40, следува ПСЖ (4,00), па Реал Мадрид (4,50) и како „аутсајдер“ Челси (5,50).

Да додадеме уште дека за Гвардиола ова е осми пласман во полуфиналето на ЛШ, и на тој се израмни со рекордот на својот голем ривал, но и пријател Жозе Мурињо.

И двајцата имаат по две титули шампион, Мурињо во 2004 година беше најдобар со Порто, а шест години подоцна славеше со Интер. Гвардиола своите две титули ги освои со екипата на Барселона во 2009 и 2011 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот