Гвардиола: Сакам Меси да ја заврши кариерата во Барса!

Фото: принтскрин/youtube

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола ги отфрли денеска шпекулациите дека неговата одлука за продолжување на договорот е поврзана за можноста да се пресели Лионел Меси во премиерлигашкиот клуб наредната година.

Аргентинецот се поврзува со „граѓаните“ уште пред почетокот на сезоната кога бараше да го напушти „Камп Ноу“. Меси на крајот остана во Барса, а договорот со каталонскиот клуб му истекува на крајот од сезоната.

– Меси е играч на Барселона, кон овој клуб имам голема благодарност за сè што направи за мене, во периодот како играч и тренер.

Мојата желба како фан на таа екипа е Меси да ја заврши кариерата во Барса. Не знам колку пати го реков тоа, можеби 1000 пати. На крајот од сезоната истекува неговиот договор и не знам што ќе се случува, тоа е само во умот на Лео.

Значи, тој е фудбалер на Барселона и трансфер пазарот ќе биде активен во јуни и јули. Ќе имаме неверојатни мечеви, цели и успеси кои ќе се обидеме да ги постигнеме и тоа е само во нашите глави, за другото не можам ништо да кажам, како и секогаш – вели Гвардиола.

Клоп: Осум екипи можат да ја освојат Премиер лигата!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот