Гвардиола пристигна во Барселона за Меси!?

фото:sportbible.com

Пеп Гвардиола беше забележан доцна во петокот вечерта во Барселона, каде што дојде да го направи најважниот дел од преговорите, информираат британските медиуми.

Големото прашање е каде Лионел Меси ќе ја продолжи кариерата, откако го извести раководството на Барселона дека сака веднаш да го напушти клубот.

Според шпанските медиуми, Гвардиола дошол во Барселона да разговара за трансферот во англискиот клуб со самиот Меси, но и со управата на клубот во кој своевремено работеше како шеф на стручниот штаб.

Да потсетиме, Меси му се јави на својот поранешен тренер Гвардиола пред шест дена, во неделата и го праша дали има место во Сити за него, неговиот татко не седеше со скрстени раце.

Лионел Меси го цени познатиот стручњак и како стратег и како личност, па во таа прилика се довери во него и призна колку е огорчен од целокупната ситуација во Барселона, а единствениот проблем во него не е поразот од Баерн со 8:2 во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот