Гвардиола: Премиер лигата е поважна, но Лигата на шампионите е послатка
Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер сити, денеска изјави дека очекува тешки дуели со ПСЖ во полуфиналето од Лигата на шампионите и истакна дека неговите играчи треба да уживаат.
Првата пресметка помеѓу двете екипи ќе се игра в среда во Париз со почеток од 21.00 часот.
– Знаеме дека ќе биде тешко за нас во двата натпревари. Тие ќе имаат шанса. Секој знае каков квалитет има ПСЖ. Но, ова е полуфинале во Лигата на шампионите. Што друго да очекуваме? Мора да уживаме во притисокот и ситуацијата во која се наоѓаме – рече Гвардиола на прес-конференцијата.
Шпанецот го откри планот за контрола на мечот со францускиот претставник:
– Сакаме да ја имаме топката во нашите нозе. Доколку се случи тоа, ќе имаме стабилност. За многумина, ова е првпат да ја играат оваа фаза од натпреварувањето. Затоа треба да бидеме додатно фокусирани. Сите се подготвени и среќни. Благодарни сме за оваа можност. Нормално е за некои клубови. За нас, ова е реткост. Ние не сме елита на ова натпреварување. Но, ние посакуваме да бидеме тоа. Премиер лигата е поважна, но Лигата на шампионите е послатка – додаде Гвардиола.