Гвардиола: Попрво ќе одам на Малдивите отколку да работам во Јунајтед и во Реал

Фото: twitter/Manchester City

Манчестер јунајтед вечерва го пречекува градскиот ривал Сити во рамките на полуфиналето на Лига купот.

Букмејкерите немаат дилема, „граѓаните“ се големи фаворити за победата бидејќи Јунајтед и сезонава игра многу лошо, а дополнителен мотив ќе им претставува тоа што загубија во последниот меѓусебен дуел.

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, дополнително ја подгреа атмосферата пред натпреварот со изјавата дека никогаш нема да прифати да тренира две екипи, Реал Мадрид и вечерашниот противник.

– Штом го тренирам Сити, тогаш сигурно нема да го преземам Јунајтед. Како што никогаш нема да го тренирам Реал Мадрид. Доколку не би имал ниту една друга понуда, попрво би заминал на Малдивите. Можеби не на Малдиви бидејќи таму нема теренот за голф.

Никогаш не би ги водел овие клубови бидејќи не сум таков човек да предводам еден клуб, а потоа да седнам на клупата на најголемиот ривал – изјави Гвардиола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот