Гвардиола планира тотална „чистка“ во Манчестер сити

фото/твитер

Шпанскиот стратег очекува да „избрка“ најмалку пет играчи од сегашниот состав на „граѓаните“, меѓу нив е и искусниот плејмејкер Давид Силва.

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола планира да направи некои измени во тимот ова лето. Тој се очекува да избрка најмалку пет играчи од сегашниот состав и да ангажира нови играчи во тимот, пренесува англиски „Телеграф”.

Првиот кој е на листата е Николас Отаменди, аргентинскиот интернационалец е крајно неубедлив оваа сезона и клубот веќе бара замена, а името за кое се шпекулира е Пау Торес од Виљареал.

Некој меѓу Бенџамин Менди, Александар Зинченко или Анхелињо, исто така, се очекува да замине. Најверојатно, тоа ќе биде Шпанецот, кој досега забележа само три натпревари во текот на сезоната.

Се очекува и 34-годишниот Давид Силва да се збогува со „граѓаните”. Тој во моментов ја игра својата 10-та сезона за клубот, но се очекува тоа да биде и последна. Лерој Сане скоро сигурно ќе биде продаден во текот на летото, откако се опорави од повредата што ја доби.

Гвардиола размислува и за промена во нападот, по што останува неизвесна иднината на Габриел Жесус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот