Гвардиола откри кога „граѓаните“ почнаа да паѓаат сезонава

EPA-EFE/Nigel Roddis

Со оваа победа „граѓаните“ ја намалија разликата во однос на лидерот на табелата Ливепрул на 11 бодови, но „црвените“ имаат и натпревар помалку од Манчестер сити бидејќи вчера играа во финалето на Светското клупско првенство.

Ливерпул сезонава игра фантастично, во Премиер лигата има само едно реми и од коло во коло е се поблуску до титулата која ја чека дури од 1990 година. Свесен за ова е Пеп Гвардиола кој по дуелот со Лестер откри кога започна падот за неговиот тим.

Станува збор за дуелот од почетокот на сезоната кога Манчестер сити пред своите гледачи играше нерешено (2:2) против Тотенхем.

„Граѓаните“ беа доминантни на тој натпревар, ВАР-технологијата дури им поништи гол во самиот финиш. Оттогаш имаа уште неколку кикса во серија со кои му овозможија на Ливерпул да се одлепи на лидерската позиција на табелата.

– Ни самиот не знам колку шанси имавме на тој натпревар. Не победивме поради поништениот гол и тука за нас почнаа проблемите – изјави Пеп Гвардиола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот