Гвардиола нема намера да биде во сенка на Роналдо и Јунајтед, ќе потроши 200 милиони на три засилувања

Гвардиола подготвува одговор за Јунајтед кој го врати Кристијано Роналдо на „Олд трафорд“/ фото: EPA-EFE/Clive Brunskill

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола гледа во иднината и ги планира чекорите за наредната сезона, односно побара од управата интензивно да работи на ангажирање на тројца фудбалери.

Големата желба Хари Кејн ова лето одлучи да остане во Тотенхем, а Сити се „задоволи“ со Џек Грилиш од Астон Вила, но Пеп планира нови засилувања кои треба да ги заменат ветераните како што е Фернандињо и за таа цел е подготвен идната година да потроши 200 милиони евра.
Во нотесот на менаџерот на Манчестер сити се наоѓаат неколку имиња, едно од нив е на Деклан Рајс, но се поизвесно е дека Гвардиола наследникот на Фернандињо ќе го носи од Бундеслигата.

Имено, Гвардиола сака на „Етихад“ да го донесе англискиот репрезентативец кој настапува за Борусија Дортмунд, Џад Белингем. Интерес за Белингем пројавува и Ливерпул, но Сити е финансиски помоќен и планира првата понуда да изнесува 100 милиони евра, сума која би требало да го откаже Ливерпул од трката.

Медиумите во Англија сметаат дека лицитацијата на Манчестер сити ја крева цената на повеќето фудбалери го предизвика менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп да ги нападне екипите од Манчестер, Сити и Јунајтед поради нереалното кревање на цените на фудбалерите на трансфер пазарот.

Сумата од 100 милиони евра која Сити е подготвен да ја понуди за Белингем е прифатлива за Борусија Дортмунд и за очекување е англискиот репрезентативец идната година да се пресели во Премиер лигата. Покрај Белингем, Гвардиола планира да го ангажира и фудбалерот на Лидс, Калвин Филипс за околу 40-тина милиони евра.

Третото засилување треба да биде во одбраната бидејќи екипата ќе остане без Бенјамин Менди кого во јануари го чека судење за силување и се соочува со петгодишна затворска казна.
Изборот на „граѓаните“ падна на дефанзицецот на Милан, Тео Ернандез за кого интерес пројавува и ПСЖ, а почетната понуда ќе изнесува 60 милиони евра и се очекува „росонерите“ да ја прифатат.
Што се однесува до нападот, англиските медиуми тврдат дека приказната со Хари Кејн е завршена и Гвардиола е решен сезонава шанса да му даде на Габриел Жесус, но и на младиот Лајам Делап бидејќи на трансфер пазарот нема квалитетни напаѓачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот