Гвардиола нема дилеми, Мурињо е еден од најдобрите во историјата

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардила без сомнение е еден од најдобрите тренери во историјата на фудбалот. Сепак, тренерот кој има освоено дурио 28 трофеи за 11 години, е неверојатно скромен и не се смета за најдобар тренер на сите времиња.

– Не. Не сум најдобар тренер на сите времиња. Најдобар тренер е тој што ќе ја смени фудбалската култура. Ариго Саки го направи тоа во Италија, Јохан Кројф го стори истото во Барселона, Алекс Фергусон го издигна Манчестер јунајтед на едно ново ниво. Жозе Мурињо освојувашер титули во неколку шампионати. Верувам дека сум дел од таа група, но да кажам дека сум најдобар, тоа нема да го слушнете од мене. Освоив 28 трофеи во 11 години, но не е се до титулите – вели Гвардиола.

Пеп Гвардиола со новото видео кој се појави на интернет покажа уште еднаш колку е посветен на фудбалот. Станува збор за видео од соблекувалната на Сити пред натпревар или на полувреме во кое тој на своите фудбалери им објаснува што треба да работат, како да се движат и како да ја пренесуваат топката.

Гвардиола толку се трудеше да им објасни на своите фудбалери, што постојано гестикулираше, трчаше по соблекувалната за подобро да им објасни како треба да работат за да креираат слободен простор на противничката половина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот