Гвардиола: Му се воодушевувам на Реал Мадрид

Фото: twitter/Manchester City

Менаџерот на Манчестер сити има само пофални зборови за шпанскиот тим во пресрет на нивниот дуел во осминафиналето од Лигата на шампионите.

„Граѓаните“ во среда во гостуваат на Реал Мадрид во првиот дуел од осминафиналето, а менаџерот Пеп Гвардиола е свесен за предизвикот кој го очекува.

– Фудбалерите на Реал Мадрид имаат многу финални натпревари во ЛШ во своите нозе, го освојуваа трофејот многу пати. Во нашиот тим единствено Клаудио Браво триумфира во Лигата на шампионите. Мораме да се бориме, не очекуваат 180 минути беспоштедна борба – вели Гвардиола.

Манчестер сити за противник го има тимот кој дури четири пати триумфира во ЛШ во последните шест години, а „кралскиот“ клуб е рекордер и по бројот на титулите во елитното натпреварување, има вкупно 13.

– Тоа е клубот на кој сакаме да се угледаме, му се воодушевувам на Реал Мадрид. Тие се вистинските кралеви на Лигата на шампионите. Ќе играме на еден од најубавите и најголемите стадиони на светот и ќе дадеме се од себе за да победиме. Доколку не успееме, ќе им честитаме и ќе продолжиме да работиме напорно за да станеме уште подобри – смета менаџерот на Манчестер сити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот