Гвардиола му оддаде почит на Ливерпул: Тие се фантастични, неверојатни

EPA-EFE/Nigel Roddis

Менаџерот на Манчестер сити уште еднаш ја коментираше неверојатната сезона на Ливерпул.

Стратегот на актуелниот англиски шампион, Пеп Гвардиола, веќе се предаде и му ја препушти титулата на Ливерпул. „Црвените“ во 23 кола имаат скор од 22 победи и едно реми за 67 бодови, дури 16 повеќе од Манчестер сити, а згора на тоа имаат и натпревар помалку.

– Нормално, Ливепрул ќе биде шампион во Англија, а би биле шампиони и во Шпанија, Италија и Германија. Нормално дека ќе ја прогласам екипата за шампион која во 23 кола има 22 победи и само едно реми.

Ние со бодовите кои ги имаме сега во Шпанија би заостанувале само еден бод зад лидерот, а исто би било во Германија и во Италија.

Ливерпул е фантастичен, неверојатен, феноменален, Мораме да го прифатиме тоа и да извлечеме поуки од нив – изјави Гвардиола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот