Гвардиола: Можеби е време некој друг клуб да ја освои титулата во Премиер лигата

фото: EPA-EFE/DANIEL HAMBURY

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола изјави дека можеби е дојдено време некој друг клуб да ја освои титулата во Премиер лигата, но додаде дека „граѓаните“ нема да се откажат од борбата за шампионскиот трофеј, пренесуваат британските медиуми.

Во саботата Манчестер сити беше поразен од Брајтон (1:2) во натпреварот од 11 коло во Премиер лигата. Клубот од Манчестер е поразен на последните четири мечеви во сите натпреварувања.

– Не одигравме добро и тоа е факт. Сепак, сето тоа е сосема нормално во фудбалот. Мора да се обидеме да се вратиме на победничките патеки – изјави Гвардиола.

Тој призна дека Манчестер сити има тежок распоред на натпревари.

– Сега ни претстои репрезентативна пауза, по која нѐ очекува серија уште потешки натпревари. Во последните седум години шест пати ја освоивме Премиер лигата. Не можеме да очекуваме ниту Манчестер да биде полн со шампиони во следните 50 години. Можеби е време некој друг да ја освои титулата. Ќе видиме. Ќе се бориме, имаме уште доволно време – вели Шпанецот.

Манчестер сити моментно е на второто место на табелата во Премиер лигата со 23 бодови, пет помалку од првопласираниот Ливерпул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот