Гвардиола може да остане подолго во Сити

EPA-EFE/NEIL HALL

Пеп Гвардиола ја одраборува четвртата година како тренер на Манчерстер сити по што започнаа гласините дека идното лето ќе си замине од Англија. Гвардиола досега тренираше две екипи, Барселона и Баерн Минхен и во двата наврати седеше на клупата по четири години, а како образложение за тоа му беше дека по одреден период доаѓа до заситување од работа во еден тим.

Сепак, последните шпекулации дека ќе го напушти Манчестер сити го налутија Пеп.

– Како што кажав и претходно, се чувствувам одлично во овој клуб, но се зависи од резултати. Ајде да видиме што ќе се случи оваа година и идната. Отворен сум за соработка и да останам подолго во овој клуб – изјави Гвардиола.

Неговата одлука дали останува или ќе побара нов предизвик не зависи само од него и резултати, туку и од други фактори.

– Сакам да ја видам реакцијата на своите фудбалери, на околината, на вработените во клубот. Не е работата јас да дојдам и да кажам дека сакам да останам. Сакам да вдам како работиме заедно, да видам дека моите фудбалери уживаат да работат заедно. Кога ќе почувствувам дека не е така, ќе разговарам со луѓето од клубот – вели шпанскиот тренер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот