Гвардиола: Манчестер сити ќе игра во Лигата на шампионите

EPA-EFE/ANDY RAIN

Англискиот тим на 13. јули ќе дознае дали ќе му биде симната двегодишната суспензија за настап во Лигата на шампионите поради малверзации со финансискиот фер-плеј.

Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер сити нема дилеми, неговиот тим и во наредната сезона ќе биде дел од елитното фудбалско натпреварување.

– Подготвени сме. Силно верувам дека ќе имаме можност да играме во Лигата на шампионите. На 13. јули ќе го знаеме епилогот од жалбата и се надевам дека сите кои добиваат плата, играчите и сите вработени во клубот ќе добијат можност да продолжат да го развиваат клубот – порача Гвардиола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот